[Contest2012] Креативната духовност (creative spirit)
Креативната духовност и религија не познава граници
Кога ќе седнам на ридот , и кога ќе ја отворам ширината на моето срце и кога ќе ја разбудам креативноста на мојата дланка ,
а таа е дланката која прави големи очекувања за мене и за моите пријатели.Несебичната поддршка од моите пријатели ја прави нашата дружба без граници ,нивниот охрабрувачки дух насмеано го буди потенцијалот во мене.Да го покажам низ слика мојот отворен ум и отворено срце ,а во мојата душа има место за секого.
Зошто луѓето ги ограничува предрасудата за нас ?
Кога мислам на нас, мислам на сиов свет кој е празен,а би можел да биде полн со љубов и добрина . А со тоа да создадеме едукација и поубава иднина која ќе придонесе во пронаоѓањето на нови таленти низ светот.
И кога сите би го почуствувале мирот во душите , и би го изневериле сопствениот страв од предрасудите ,
тогаш ќе се раздени новото утро во кое нема солзи, војни и зло.
Тоа ќе биде моето вистинско светло утро.
Свету , Разбудете ја ограниченоста.
Comments are currently closed.